Манафорт обвинет дека плаќал странски политичари да лобираат за украинска Влада

Сподели со своите пријатели

Против поранешниот шеф на кампањата на претседателот Доналд Трамп Пол Манафорт е подигнато ново обвинение од страна на специјалниот обвинител Роберт Мјулер, дека во 2012 и 2013 година тајно им плаќал на поранешни високи европски политичари да лобираат за проруската Влада на Украина.

Според обвинението, Манафорт префрлил над два милиони евра на неименувани поранешни европски политичари.

Тој ја создал т.н. „Хабсбуршка група“, составена од поранешни политичари, која требало да се појавува јавно и да прави независни проценки за активностите на украинската Влада.

Според обвинението, тие политичари давале изјави како аналитичари, но во исто време биле платени лобисти. Дел од прикриеното лобирање се случувало во САД.

Со групата раководел поранешен европски канцелар, кој во обвинението бил именуван како „странски политичар“  и дејствувал во координација со Манафорт.

Обвинението е покренато откако поранешниот деловен партнер на Манафорт, Рик Гејтс ја призна вината за обвиненијата против него./МИА

Leave a Reply