Малолетничката проституција цути на Балканот: Тарифи од 10 до 2.000 евра!

Сподели со своите пријатели

Малолетничката проституција е голем проблем секаде во светот, на за жал и на нашите простори. Бројни државни, но и невладини организации се борат на ова да му стават крај, но нивните напори кои и кога вродат со плод се краткотрајни.

Поголемиот дел од жртвите се од трговија со луѓе поради проституција и питачење. Малолетничките кои влегуваат во овој круг минуваат низ вистински пекол, а нивните макроа често не се соочуваат со лицето на правдата. Меѓутоа, не се ретки ниту девојките кои доброволно влегуваат во тој бизнис, затоа што немаат друг начин да заработат пари.

Според податоците на обвинителството, службите за спроведување на законот, Центрите за социјална работа и невладините организации во Босна и Херцеговина минатата година идентификувале 47 потенцијални жртви на трговија со луѓе поради проституција, питачење и за склопување брак.

Каде се троши најмногу на проституцијата?

Loading...

Измеѓу останатото, ова се наведува во извештајот на Ударна група за борба против трговија со луѓе и илегална миграција за 2016 година каде се набројани и поединечни случаи кои може да се окарактеризираат како трговија со луѓе. Од вкупниот број на потенцијални жртви на трговија со луѓе, 10 се малолетни, а гледајќи го полот 29 се женски и 18 машки, додека од вкупниот број, седум биле сексуално искористени, 12 од нив присилувани за работа, додека во 21 случај биле принудени на питачење и еден поради присилно стапување во брак.

Кога се работи за проституција, од извештајот е видливо дека девојките, меѓу кои има и малолетнички, своите услуги ги продаваат за 100 евра и парите обично ги делат на оној кој ги подведува, додека тарифите за илегалните преминувања на граница се движат и до 500 евра по едно лице, пишува Nezavisne.com.

Еден од примерите како се подведуваат малолетнички бил забележан во Приједор, каде сопственик на локал пронаоѓал муштерии за малолетничка на кои таа им наплаќала по 100 евра за пружени сексуални услуги.

Објавила провокативен оглас, но наместо клиенти, ја посетиле полициски инспектори

Еден од најизразените проблеми кај трговијата со луѓе се однесува на питачење и тука најмногу се приведуваат малолетни лица, обично Роми. Скоро и да нема поголем град каде тоа не е забележано.

Дека ситуацијата не е ништо поразлична и во останатите земји на Балканот сведочат бројни новинарски објави.

Во близина на местото Врањ, млади девојки го продаваат своето тело за 10 евра, а муштериите обично доаѓаат од Албанија и Косово и Метохија.

Повеќе од половина од испитаните 700 девојки за време на работата доживеале и вербално злоставување, а на прашањето колку пати дошло до тоа, девојките најчесто одговоиле со три. Само 23 од 528 хостеси го пријавиле злоставувањето.

60 педофили силувале 13-годишно девојче, ја убедиле дека тоа е нормално

Во Хрватска неодамна започна судењето за Марија Вулетиќ, дубровчанин кој долго време живеел во Загреб, а кој е обвинет за подведување на 11 девојки од кои некои имале само 17 години. Своите услуги девојките ги наплатувале од 300 до 2.000 евра, зависно од видот и траењето, а две третини од заработката оделе за Вулетиќ.

Татко и мајка ја подведувале својата ќерка за сексуална експлоатација од нејзината 13-та година. Таткото се задолжувал за храната, алкохол и цигари за сума од 10.000 до 30.000 динари. Бидејќи не можел да ги врати парите, на доверителите во замена им нудел секс со својата ќерка – потврдуваат од јавното обвинителство во Смедерево.

Овие малолетници често стануваат и жртви на трговија со луѓе, затоа што поради своите тешки ситуации се лесен плен за криумчарите.

Пекол кој требала да го преживее – силувана е 43.200 пати

Во Македонија во последен период сме сведоци на се поголем број пријави за обиди за силување и сексуално искористување на малолетни деца. Свеж е случајот од пред неколку месеци кога родители на шестгодишно девојче од Светни Николе во полиција пријавила дека нивното девојче било силувано цел месец од нивниот 59-годишен сосед М.П. Тој го повикал девојчето за да и даде батериски ламби и радио да си игра, а со оглед дека се соседи девојчето отишло и седнало на еден од креветите во просторијата на домот. Веднаш потоа М.П. врз неа започнал да извршува сексуални дејствија. Девојчето во страв побегнало дома раскажало на родителите и веднаш било пријавено во полиција.

Само во 2013 година 15 жени во Република Македонија биле жртви на трговија со луѓе.