Максим Димитриевски ја презема градоначалничката функција на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Максим Димитриевски денеска и официјално ја презема функцијата градоначалник на Општина Куманово од неговиот претходник Зоран Дамјановски. Го доби и уверението од претседатаделот на Општинската изборна комисија (ОИК) Звонимир Николовски.

Заблагодарувајќи се на граѓаните за довербата, Димитриевски рече дека очекува со реализација на планираните проекти, Куманово да добие урбан лик.

– Во иднина, сите изборни циклуси да се одвиваат како овој последниот што наликуваше на скандинавски тип на изборен процес и да поскам успех на сите избрани колеги советници во советот на општина Куманово, со желба да го реализираме она со кое што излеговме пред граѓаните во рамките на нашите политички програми и агенди, што ги ветивме во делот на очекувања кои што ги имаат граѓаните“-рече Димитреивски.

Дамјановски изрази надеж дека Димитриевски успешно ќе ја води Општината.

– Тој е успешен политичар, а сега има и добра Влада која првпат по 11 години е наклонета кон Општина Куманово и проектите што ги работиме му остануваат нему, а се во фаза на изградба. Се надевам дека 2018 година ќе биде многу продуктивна и дека Куманово ќе биде многу подруг град во однос на овие искушенија кои ги имаше во изминатиот период, рече Дамјановски и се заблагодари на граѓаните за трите мандати, потсетувајќи дека работел во период на, како што рече, искушенија и предизвици.  

Димитриевски денеска оствари средба и со противкандидатите на локалните избори: Башким Османи од Алијанса на Албанците, Башким Османи, Дритон Сулејмани од Движење Беса и Бесник Мемети од ДПА, додека кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ Зоран Ѓорѓиевски не учествуваше на средбата. Тројцата кандидати му честитаа за изборот и му посакаа успех на Димитриевски во натамошната работа и истакнаа дека се отворени за идни сугестии, предлози за подобар живот на граѓаните. Градоначалникот истакна дека  е отворен за соработка и за сите добри идеи кои ќе придонесат за развој на Општината.

Извор: МИА

Loading...