Македонски државјанин повреден во терористичкиот напад во Барселона

Сподели со своите пријатели

Иако според првичните информации од вчеравечер Министерството за надворешни работи истакна дека нема македонски државјани повредени во терористичкиот напад кој се случи во Барселона, во текот на ноќта властите дошле до Македонец кој е во болница.

Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, македонската амбасадата во Шпанија дојде до информација дека еден македонски државјанин во моментот се наоѓа во болница во Барселона. Лицето во моментот на извршување на нападот се наоѓало во непосредна близина и се здобило со скршеница на зглобот на ногата. Лицето се наоѓа вон животна опасност и е третиран од страна на шпанските медицински служби. Претставник од македонската амбасада во текот на ноќта се упати кон болницата каде што се наоѓа повредениот македонски државјанин – велат од МНР.

Инаку во вчерашниот крвав терористички напад загинаа најмалку 13, а повредени се над 80 лица. Одговорноста за нападот ја презеде Исламската држава.

Loading...

Шпанската полиција објави фотографија од момчето кое е осомничено за терористичкиот напад во Барселона. Се вика Дрис Оукабир, има 28 години, живеел во Риполи, околу 80 км од Барселона. Наводно е роден во Марсеј.

Телеграф пренесува соопштение на полицијата во кое се вели дека Оукабир го изнајмил белото комбе со кое беа прегазени пешаците во Санта Перпетуа де ла Могада. Сепак, пишува Телеграф, на полицијата не ѝ јасна улогата на Оукабир во терористичкиот напад.

Полицијата потврдила дека се уапсени две лица поврзани со нападот, а едно е убиено.

Околу 22 часот полицијата објави дека Оукабир се предал и тврдел дека брат му му ги украл документите кои се наводно најдени во комбито.