Македонка држела 40 Кубанки како секс робинки

Сподели со своите пријатели

Полицијата во Турција привела македонска државјанка која прелажала 40 Кубанки, па наместо танчерки во Анкара од нив направила сексуални робинки.

Македонката е обвинета за организирање мрежа на проституција, а како што пошуваат турските медиуми, таа преку својата агенција за посредување, ангажирала 40 девојки од Куба, на кои им ветувала дека ќе танцуваат во ноќни клубови во главниот град на Турција, а притоа за таква работа им понудила високи хонорари.

Но, немсто танц, деовјките биле затворени во хотел, а потоа принудени да даваат сексуални услуги. Откако дошје во Турција им биле одземени пасошите и приморани на проституција цели два месеци.

Македонката освен што ги прелажала, во целата организација била задолжена за превозот на девојките. Автомобил секоја вечер ги земал од пред хотелот и ги носел кај претходно договорени клиени, ги чекал и повторно ги враќал назад.

Една од Кубанките успеала да избега, случајот го пријавила во кубанската амбасада во Туција каде побарала засолниште, тие пак ги алармирале турските полициски сили.

Амбасадата ги вратила девојките во Куба, а Македонката завршила во притвор.

 

Loading...