Македонија во жолта фаза: Температури до 41 степен

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло, со слаб ветер од западен и јужен правец. Во попладневните часови локално ќе има повторна слаб развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со краткотраен локален дожд и со ретки грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 13 до 22 степени целзиусови, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 34 до 41 степен целзиусов. Индексот на ултравиолетовото зрачење ќе биде доста висок со коефициент 9.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време. Ќе дува сосема слаб ветер од југозападен правец, додека максималната дневна температура ќе изнесува 37 степени целзиусови.

Дневната температура до среда ќе биде во благ пораст, при што во вторник и в среда во најтоплите делови повторно ќе го надмине 40-иот степен. Извесна промена на времето проследена со нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер засилен ветер се очекува в среда кон четврток. Ветерот ќе го промени правецот во северен а со тоа ќе има намалување на дневната температура за околу 5 до 7 степени.

Намалувањето на дневната температура ќе продолжи и за време на викенд кога ќе има со локална нестабилност проследена поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, велат од УХМР.

Поради високите температури властите прогласија жолт метео аларм на територијата на целата држава, што значи дека се препорачува избегнување на движење и работа во најтоплиот период од денот, односно од 11 до 17 часот.