Македонија со победа го започна настапот на светското ракометно првенство

loading...

Македонската ракометна репрезентација со победа го стартуваше својот настап на Светското првенство во ракомет за мажи, откако вчера ја совлада репрезентацијата на Тунис со резултат 34:30 и се доближи на чекор кон пласман од вториот круг на Мундијалот.

Одличен натпревар понудија македонските ракометари, особено во последните 15 минути од мочеот кога негативата од четири гола ја вратија во позитива и впишаа победа.

Две серии од 5:1 и 5:0 во самиот финиш од натпреварот донесоа да славиме со четири гола разлика и да постигнеме триумф кој сите го очекувавме.

Тактиката на селекторот Чевар во својот тим да направи комбинација од млади и повозрасни играчи се покажа како повеќе од успешна.

Најефикасен во македонската репрезентација со 12 гола беше Кире Лазаров кој беше и најдобар стрелец на мечот, а веднаш зад него се и Дејан Манасков и Стојанче Стоилов со по седум погодоци, додека на листата најдобри со три гола се впиша и Филип Миркуловски. Солидна игра покажаа и голманите, Колев со осум одбрани и Трајковски со три.

Денес ракометарите имаат слободен ден за тренинг кој ќе ги релаксира од првиот настап против Тунис, но ќе ги подготви за утрешната средба со Ангола која може да биде решавачка за пласман во следната фаза од светското првенство.

 


Loading...

Последни наслови

Facebook Comments