По одлуката да се сопре протокот на економски мигранти кон државите од Европска Унија, и низата инциденти кои следеа на македонската јужна граница со Грција, од денес АРМ започна со поставувањето на триметарска висока метална ограда.
Војниците поставуваат метални столбови и жица и на овој начин се очекува подобра контрола на границата со Грција од каде катадневно пристигаат и по илјада мигранти од Бангладеш, Пакистан, Иран, Конго и останати држави од Блискиот исток кои не се погодени од воени дејства.
Засега, на јужната граница со Грција, поточно во бегалскиот прифатен центар ”Винојуг” се пропуштаат бегалци од Сирија, Авганистан и Ирак каде во моментот се одвиваат борбени дејства и тие подрачја за прогласени за зони од висок безбедносен ризик.
Жичана ограда претходно постави и Унгарија на границата со Србија.
За поставувањето на оградата се` уште нема официјални информација од Министерството за одбрана и МВР.