Македонија и Грција вечерва ќе си ги измерат силите на Евробаскет 2015

Сподели со своите пријатели

Денеска на 39.то Европско првенство во кошарка се играат натпреварите од 1.коло во четирите групи. Македонија на стартот од шампионатот исто како и пред шест години во Полска за ривал ја има селекцијата на Грција.

Loading...

На Европските првенства имаме одиграно два натпревара, и тоа: ЕП Полска 2009: Македонија – Грција 54:86 и ЕП Литванија 2011: Македонија – Грција 72:58. На пријателски натпревар во Улм пред две години Македонија ја победи Грција со 77:75.

Вечерва од 18 часот на програмата на Сител проследете го натпреварот помеѓу Грција и Македонија кој ќе се одигра во Загреб во рамките на Евробаскет 2015.