МАЈМУНСКА РАБОТА: Бабун се заиграл, па оставил 50.000 луѓе без струја

Сподели со своите пријатели

Еден бабун толку се заинтересирал за кабли во електраната на југот на Замбија па оставил без струја 50.000 луѓе, јавува ВВС.

Тој вчера наутро предизвикал прекин на енергијата кога се качил на електраната и зпаочнал да ги влече каблите. Преживеал силен струен удар кој би убил човек, рекол портпаролот на електраната Хенри Капата. Додава дека во таквта ситуација човекот ако преживе би одговарал пред суд.

Капата наведува дека организацијата за заштита на животни го спасила мајмунот кој моментално се опоравува од повредите.

Електраната се наоѓа во замбискиот туристички град Ливингстоун, каде вообичаено може да се видат диви животни како слободно се движат поради близината на националниот парк.

Снабдудвањето на струја во меѓувреме повторно е воспоставено во Ливингстоун и околното пдорачје. Во сличен инцидент минатата година еден мајмун предизвика престнок на електрична енергија во Кенија.

 

Loading...