Мајмун нападнал чувар во зоолошка оти ја гледал неговата „сакана“ (видео)

Сподели со своите пријатели

Шимпанзото Ромео од Украина погрешно ја протолкувал комуникацијата помеѓу неговата сакана Јулија и чуварот на зоолошката градина, па скокнал на него и на крајот го „претепал“.

Мајмунот Ромео побеснел откако Јулија се обидела преку стакло да го банке чуварот Сергеј. Првин започнал да ја удира неа, а кога чуварот се обидел да ги раздвои го нападнал и него.

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Една шимпанза почина, а другите изведоа погребен ритуал (видео)

Loading...

Во таа борба мајмунот го претепал чуварот Сергеј, му гризнал дел од десното уво и со сета сила го удрил под окото, поради што несреќниот чувар има голема модринка.

Сеако, Сергеј успеал да избега од љубоморниот Ромео и да замине во болница каде итно бил здрижен.

– Неговото десно уво и прстите се изгризани, а од тие гризнувања недостасуваат некои делови од увото и прстите. Направивме колку што можевме да спасиме што останалао, рекол портпаролот на болницата Андреј Козаченко за локалните медиуми.

Од зоолошката градина „Фелдман Екопарк“, која се наоѓа во Харковата област на истото на Украина велат дека шимпанзите се опасни животни со силни вилици и може да го искасаат човекот.

Нашиот чувар не требало да влегува во тој кафез, тој веќе шест години ги чува шимпанзите и не мислел дека може да дојде до тоа, рекла Валерија Ивашенко, портпарол на зоолошката градина.

Шимпанза која пуши цигари е ѕвезда во зоолошката градина (фото)

Чуварот Сергеј потврдил дека со својата поврзаност со Ромео и Јулија не очекувал да дојде до ова. Уверен е дека Ромео го нападнал поради љубомора, а тој само сакал да ја заштити Јулија.

Инаку мајмунскиот пар пред неколку месеци го добил и првиот потомок.