Лутата пиперка е корисна за здравјето

Сподели со своите пријатели

Ново истражување на Универзитетот во Вермонт покажува дека постои поврзаност помеѓу конзумирање на лута храна и стапка на смртност.

Верувале или не, студијата покажува дека само една лута пиперка месечно е доволна да се намали ризикот од смртоносен срцев или мозочен удар дури за 13 проценти. Лутата храна исто така помага и при слабеење.

Состојката капсацаин која ја прави лутата пиперка толку лута придонесува кон способноста на организмот да ја претвора т.н „бела маснотија“ во „кафеава маснотија“.

„Кафеавата маснотија“ според објаснувањата на истражувачите, е паметна маснотија која му помага на човековото телот да ги согорува маснотиите поефикасно.

mama365.mk