Луксузен затвор во Саудиска Арабија станува хотел: Овде ноќевање чини 650 долари (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Луксузен хотел во Ријад, кој служел како затвор во владината противкорупциска кампања, повторно ќе биде отворен следниот месец, објавил хотелот на своите страници, што упатува дека властите се близу да постигнат договор со поголемиот дел од осомничените.

Над десетина принцеви, високи службеници и водечки бизнис луѓе кои се затворени во раскошниот хотел Ритз-Карлтон кога владата во почеток на ноември минатата година тргнала во отворена пресмета против корупцијата во највисоките слоеви на општеството.

Најевтиното ноќевање е 650 долари.

 

Loading...

 

Вработените во хотелот потврдуваат дека резервациите за граѓаните повторно ги примаат од 14 февруари.

На интернет страниците на хотелот пишува дека ноќевањето во најевтината соба чини 650 долари. Хотелот има 192 соеби и апартман и 21 хектар градини.

Службените извори потврдиле дека претходно властите ја приведуваат противкорупциската кампања и дека Ритз-Карлтон повторно работи нормално.

Саудиската влад аочекува дека поголемиот дел од обвинетите ќе прифатат на финансиски договор  во замена за офрлување на обвинението. Ријад така планира да собере 100 милијарди долари.

https://www.facebook.com/bbcnews/videos/10155336819562217/