„ЛУЦИФЕР“ носи жртви низ Европа: Топлотниот бран го претвори август во кошмар

loading...

Од месец за одмор од соништата овој август се претвора во кошмар за милиони европски туристи кои се соочуваат со бранот екстремно високи температури, сообраќаен хаос и протести против туристите на некои од најпосетуваните туристички дестинации, пишува денеска „Гардијан“.

Топлотниот бран наречен „Луцифер“ однесе животи во Италија и Романија, а на целиот континент живата во термометрите достигнува највисоки податоци додека амбулантите и болниците се преполни поради тешкотии предизвикани од топлото време.

Големи пожари на некои дестинации и недостаток на вода и струја, исто така на многумина им го расипаа годишниот одмор.

Од Киев до Рим, населението и туристите бараат освежување поради високите температури, а властите во државите на јужна Европа ги предупредуваат работодавачите да го скратат работното време.

Словенија, која е алпска земја, ја доживеа и својата прва „тропска ноќ“ во која температурите не паднале под 20 степени цезлусови ниту на надморска височина од 1.500 метри над површината на морето.

Дополнителен проблем за туристите се метежите и сообраќајниот хаос на аеродромите поради засилените контроли.

Најлошо е во Барселона каде патниците со часови чекале да поминат низ терминалите и многумина ги пропуштале летовите. Освен тоа, локалното население во Венеција протестира против масовниот туризам, а на сличен чекор се одлучиле и жителите на некои градови во Шпанија.

По бранот рекордни температури, Австрија ја погоди невреме со силни врнежи, кои предизвикале проблеми во повеќе делови на оваа земја. Неколку делови од оваа место биле комплетно отсечени поради лошите временски услови, а војската имала полни раце работе да евакуира повеќе семејства.

По пеколот, вечерва пороен дожд има во Босна и Херцеговина, во Словенија невреме со град, а заладување пристигна и во Србија. Метеоролозите во Македонија топлото време велат ќе потрае до крајот на следната недела.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments