Локалните самоуправи целосно парализирани, без градоначалници и советници (видео)

Сподели со своите пријатели

Од денеска истекува мандатот на градоначалниците и советниците во локалните самоуправи, а продолжување нема, откако Уставниот суд се прогласи за ненадлежен по тоа прашање. Единствен орган кој може да донесе одлука е Собранието на Република Македонија, кое скоро половина година од завршување на изборите се уште не функционира.

Според градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски тие ќе доаѓаат на работа, но само за да го заштита јавниот имот на граѓаните.

Натамошниот период ниту еден налог за плаќање за трансфер на средствата кои се блок дотации не може да биде изврешен. Оние витални точки социјален трансфер, кутлура тоа е замзнато дел од развојната проограма не може да биде остварен. Ние ќе дојдеме во ситуација ако ова продолжи подолго време  да се блокира комплетниот систем на услуги на локално ниво да не зборуваме во економскиот. Градежни инспекции ќе си функционираат меѓутоа не може рушење издавање на акти нема промет на недвижности, тоа е нешто што покасно ќе се почувствува главната работа е што субвенциите за јавните претпатија дефинитивно ќе ја парализираат работата, ќе дојде во прашање собирање на смет за 20 ина дена, погребните услуги, електрична енергија, бидејќи вршиме субвенција на ЈП „Водовод“, до осветлување еден месец ќе биде исклучено, училишта блок дотации нема да ги примат превоз, електрична енергија сите фунцкии кои ги врши општината како логистика јавните установи ќе бидат доведени во прашање. Затоа апелирам уѓште еднаш да се најде решение – вели Дамјановски.

Loading...

Дамјановски вели дека се игра шах каде има лошо поделени фигури, но сепак е оптимист дека наскоро ќе има разрешница на проблемот.

Оптимист сум дека разумот ќе надвладее пред инаетот и личните интереси и граѓаните ќе бидат на прво место. Судбината не е битна на било кој градоначалник и така сме пред изборот во некој период, тоа не ја менува нашата позиција – вели Дамјановски.

За да дојде до решение на проблемот мора да се изменат неколку членови од изборниот законик кои ќе го продолжат мандатот на градоначалниците се до одржување на новите локални избори кои требаа да се одржат овој месец. Нивното одржување ќе биде 70 дена откако претседателот на Собранието ќе ги распише, но со оглед дека законодавното тело се уште не е формирано станува нејасно што до тогаш.

Денеска заклучно со заврување на работно време ние како потписници на сите акти а знаете дека градоначалникот е потписник на сите акти во изминативе две недели имав многу дебати на оваа тема, на локално ниво, централно како претседател на ЗЕЛС, на степен на надлежности кои ќе бидат закочени овој период, но тоа не е проблем за Куманово, туку за сите општини имаме комплетна блокада на локалната самоуправа и тука сме уште во еден проблем, покрај сите проблеми имаме уставни, паралемнт кој не функционира нема влада, сега и 4-тата власт ќе биде доведена под голем знак на прашање и сега ќе видиме колку е значајно локалната самоуправа за услуга на граѓаните, бидејќи многу функции за граѓаните од локален карактер ќе бидат сублимирани, се надевам дека дали координацијата кај претседателот Талат Џафери ќе вроди со плод, мислам дека имаше обид локланите избори да бидат што поскори но проблем за распишување и датумот не е толку проблематичен како што е општата политичка состојба и функционирање на параламентот бидејќи од една страна имаме вмро кој вели дека локланите избори треба да се распишат што поскоро а го негира изборот на претседателот на парламент. За да се створи амбиент за локални избори потребно е да функционираат инситуциите на системот. Ние не можевме од 250 метри на мвр да го заштитиме најсветото место на демократијата парламентот, законодавниот дом а замислите 3000 гласачки места во изборен процес етреба да се заштитат. Така што во овој момент со ваква поставеност на инцисутиите на државата, не може да се преговара за одржување на избори. За мене не е спорно одржување во најскор рок дали ќе биде септември, октомври или некој друг датум најмалку е важно, важно услугите да видат во функција на граѓаните. Апелирам претставниците од законодавниот дом да најдат сили да ги надминат своите фрустрации на поединци кои сакаат да се скријат зад сите овие хаварии за своите злодела да дојде до некој компромис да се направи влада која ќе може да ги спроведе изборите. Треба да се интервенира во промена на терминот за одржување на избори и завршни термини каде ќе се даде можност за функцио9нрање на градоначалцните – изјави Дамјановски.

Запрашан дали може да очекуваме негова четврта кандидатура вели дека првин ќе ја испита волјата на граѓаните, па тогаш ќе донесе одлука.