ЛК СДММ со хуманитарна акција за семејството Мариновски

Сподели со своите пријатели

ЛК СДММ Аеродром и Куманово вчере организираа хуманитарна акција за семејството Маринковски со што им подарија внимание и помош во пресрет на денешниот голем христијански празник Велигден.

Со оваа акција сакаме да создадеме услови на семејството за празнување на утрешниот ден, Христовото Воскресение. Како и до сега, и во иднина СДММ ќе продолжи со ваквите акции со надеж дека бројот на ваквите семејства во иднина ќе биде значително намален. Воедно ја користам оваа прилика во името на СДММ да им го честитам празникот на сите христијани – изјави Мартин Захариев, портпарол на ЛК СДММ Куманово.