Љатифи: Болницата има потрошен материјал, а инфузии сами произведуваме

Сподели со своите пријатели

Првиот човек на кумановската болница, директоро Ариф Љатифи упати демант на денешната прес конференција на Општинската организација на СДСМ Куманово кои обвинија дека кумановската болница нема основни услови за пружање прва помош на граѓаните.

Љатифи вели дека кумановската болница функционира подобро за разлика од минатото.

Мислам дека нашата болница е една од поодбрите во Република Македонија што се однесува до условите за работа. Ние потрошен медицински матеирјал имаме, лекови имаме, спомнавте дека болницата нема инфузии. Болницата сама си ги произведува инфузиите, ние имаме галенска лабалаторија каде дневно се произведуваат инфузии. Имаме модерна апаратура, мал проблем имаме со лекари специјалисти, бидејќи тие ни недостигаат, затоа што во последните години многу од нашите колеги заминаа во пензија или во странство – вели Љатифи.

Тој посочи дека една третина од лекарите специјалисти се на педесетгодишна возраст.

Од 110 лекари, колку што ги имаме во кумановската болница, 40 се на специјализација. Тоа е скоро половина. Таму ни е малку потешко со лекари специјалисти, други услови немаме – изјави директорот на Општа Болница Куманово, Ариф Љатифи.

Тој децидно негира дека имало пад на електронскиот систем, како што денеска обвинија од Социјалдемократскиот сојуз.

Имаме болнички софтвер веќе четири – пет години, амбулантски софтвер во нашата болница, ниту упати ништо веќе не се пишува рачно, еве веќе две – три години се имаме електронско и се функционира добро. Во нашата болница имаме 200 компјутери, тројца вработени во ИТ секторот и функционира беспрекорно – изјави Љатифи.

Тој посочува дека квалитетот на пружените услуги е драстично подобрен, а во последните неколку години дијагностичките и терапевтски методи се добри, со што пациентите не мора да патуваат во Скопје.

Инаку болницата опслужува пациенти од Крива Паланка, Кратово и Штип.