Лимонот го намалува крвниот притисок

Сподели со своите пријатели

Лимонот е особено корисен и при почетен или умерен стадиум на хипертензивна болест, кога притисокот не се зголемува над 160/90.

Ефективната лековита доза е сокот од два големи лимони во текот на еден ден. Сепак, кога ќе го почнете третманот со лимон, треба редовно да го мерите крвниот притисок и штом тој ќе се намали (а тоа е можно по 2-3 недели), да се намали и дозата на примените хипотензивни препарати или целосно да се откажете од нив.

Создава ефект на алкализирање во организмот

Дури и да го пиете сокот од лимон непосредно пред оброк, тоа ќе му помогне на вашиот организам да одржува повисоко ниво на pH. Колку е повисоко нивото на pH, толку отпорен е организмот на болестите. Лимон и сите кисели плодови се разградуваат во стомакот и создаваат алкална реакција.

Домашен сируп за кашлица со мед, маслиново масло и лимон

Loading...

Ја разредува уричната киселина, лекува болки во зглобовите и гихт

Лимонадата направена со природен сок од лимон, поволно влијае и на зглобовите, ја намалува болката не само во зглобовите туку и во мускулите.

Помага да ослабете

Лимонот содржи само 31 калорија на 100 грама, па затоа и диетолозите сметаат дека лимонот е корисен за слабеење. Водата со лимон помага за намалување на телесната тежина, давајќи на организмот дополнителен тонус. Во лимоните се содржат супстанции кои ги разградуваат мастите. Лимонската киселина може да го засилува стомачниот сок и да го забрзува метаболизмот. Пектинот пак може да го нормализира нивото на шеќерот во крвта, а исто така да го чисти лимфниот тек. За побрзо намалување на тежината помага и тинктурата направена од зелен чај, во која се додадени две лажички јаболков оцет и кругче лимон.

Како и кога да се пиете вода со лимон

Користете топла прочистена или изворска вода. Земете половина чаша топла вода без шеќер и во неа изцедете најмалку половина лимон. Најдобро користете специјален соковник за да добиете максимум сок со минимален напор. Потоа, сепак, исплакнете ја устата, за да се избегне оштетување на забната глеѓ од лимонската киселина. Вода со лимон треба да се пие наутро на гладно и да не појадувате веднаш.

Кафе и лимон против главоболка, мачнина, болки во желудникот и дијареја

Одлична замена за кафето

Чаша вода со лимон, испиена на гладно го дава истиот стимулирачки ефект како и кафето. Затоа, ако сакате да се ослободиме од кофеинската зависност, пијте вода со лимон, која ќе ви даде енергија за целиот ден.