Лице барано за издржување затворска казна приведено на Табановце

Сподели со своите пријатели

Вчера во 21.30 часот на Граничен премин „Табановце“, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето Н.И. (47) од село Џепчиште, тетовско, се наоѓа на листата за издржување казна затвор во траење од еден месец и 20 дена за сторено кривично дело по член 235 став 1 од Кривичен законик на Република Македонија.

Лицето било приведено и во 22.50 часот, со Потврда за предавање на лице, било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за натамошна постапка.

Leave a Reply