Лепа е најстарата јутјуберка на Балканот: Лаптопот го заработила на коцка во Америка (видео)

Сподели со своите пријатели

Баба Лепа Јаниќ има 80 години, но нејзиниот дух е далеку од помлад. Има свој канал на „Јутјуб“ каде објавува поучни видео прилози, од Фејсбук е зависна толку што не се одвојува од својот лаптоп, кој по игра на случајност, го „заработила“ во коцкарница.

Оваа необична сајбер – баба која ги разбива предрасудите живее во селото Враново кај Смедерево, Србија и е медицинска сестра во пензија. Додека многумина ја препознаваат како весела баба од пазарот, каде веќе деценија и половина продава свеќе и овошје, помладите ја запознале преку нејзиниот јутјуб канал.

Баба Лепа снима и фотографира со мобилниот телефон интересни сцени од животот, а најмногу зборува за добра ноќ за децата и возрасните. Првото видео кое го објавила било за животот на нејзината баба. Потоа следувале различни теми. Постојано е присутна и на својот Фејсбук профил поради кој не се одвојува од лаптопот. За жал, и го блокирале стариот Јутјуб канал па баба Лепа овој јануари си отворила нов на кој за еден час има само 4 видео прилози.

– Зависник сум од Фејсбук. Од него мојот ум останува млад. Затоа ги молам Србите кои работат во Фејсбук, ако ова го читаат, нека му пренесат на Цукерберг и да му се заблагодарат, што ми овозможија, макар во виртуелно друштво, да си ја минам староста, раскажува баба Лепа.

 

Loading...

 

Лепа живее сама, но не е осамена. Вдовица е веќе 33 години, откако и страдал сопругот. Вели дека има осум деца, две ќерки, двајца зетовци, три внуци и внука.

Страствен е читател и на интернет, како што вели, прв пат отишла за да чита. Секогаш со себе во чантата има книга, каде и да оди, кај лекар или на пазар. Профилот на Фејсбук и го отвориле внуците, а истата вечер, по година неуспешни боиди, го пронашла и одамна „изгубениот“ роднина.

– Нека се смеат, мене ми е прекрасно. Искусив толку радосни моменти, што досега не сум ги. Мојата помлада ќерка не ги сака социјалните мрежи, а постарата мисли дека ја брукам. Но, затоа внуките се горди на мене, раскажува старицата.

Вели дека многу учи од пријателите на интернет, ги разбива предрасудите, го крева моралот и оптимизмот, укажува на вистинските вредности, дели знаење, искуство и љубов.

 

 

– Има прекрасни луѓе. Со некои се видов, испив кафе. Ми испраќаат и подароци, обично книги кои ги обожавам. Ме викаат и на промоции. Јас за возврат им плетам шал или капа и им праќам, вели баба Лепа.

Вели, има и непристојни, но тие добиваат „блок“. Од лаптопот не се одвојува, но раскажува и како го „заработила“.

– Лаптопот го заработив во коцкарница во Америка. Зетот ме одведе да се забавуваме со слот апарати. Со 20 долари зпаочнав да добивам. Скока адреналинот, добиваш, губиш, но таман работа, не сум навлечена на коцка, вели таа.

Кога не е на интернет, Лепа везе, плете и калеми цвеќе па сето тоа го продава на пазар.

– Станувам во пет, патувам во Белград, работам, забавувам муштерии, пеам. Дома сум дури навечер. Кога е сезона на овошје, Фејсбукот трпи, затоа што тоа ми го зема времето. Сега сум најмногу онлјан, вели таа.

Додека сурфа, не носи очила, затоа што откако ги изгубила, гледа и без нив.

 

Loading...