ЛДП: Програмата на ДПМНЕ е збирштина од лаги напишана на 500 страници (видео)

Сподели со своите пријатели

„Збирштина од лаги напишана на 500 страни“ – вака портпаролот на ЛДП, Филип Јаневиќ ја опишта програмата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција и додаде дека после 10 години на власт допрва ќе ја оправаат Македонија и Куманово.

Јаневиќ наброја дел од мерките на ВМРО-ДПМНЕ кои биле ветени во изминатите години за Куманово, но никогаш не биле реализирани.

Во нивната програма од 2006 година насловена преродба во 100 чекори на страна 44 пишува дека ќе изградат пруга на реализација Куманово-Деве Баир. После 10 години истото го препишале во новата кампања а граѓаните се уште пруга кон Бугарија не видеоа. Во програмата од 2008 на дпмне на страна 182 пишува „во период од 2008 до 2012 година ќе бидат изградени или ќе започне со изградба неколку базени со олимписки стандарди во следниве општини. Скопје, Куманово, Штип, Струмица, Битола, Охрид, Тетово и Гостивар рок 2012 година. Уште една лага на дпмне Јавно ги прашувам функционирите од оваа партија каде во кУмнаово е тој базен што го ветија уште во 2008 годиуна со рок на завршување до 2012. Во програмата од 2011 година ветуваа автопатско поврзување со Крива Паланка а на страна 74 електронска наплата на патарините. Сведоци сме дека наместо тоа добивме поскапување на патарините а електронска наплата и автопатско поврзување со Крива Паланка Куманово не доби. Дека и самите се заборавиле во сопствените лаги говори и фактот што во нивната најнова програма на страна 341 стои дека ќе изградат спортска сала за средното економско училиште Перо Наков иако тоа училиште веќе има спортска сала и тоа изградена со општински пари. Ова покажува и потрврдува дека програматa на ДПМНЕ е збирштина од сите претходни нереализирани проекти за кои имаа 10 години власт да ги направат – рече Јаневиќ.

Според Јаневиќ, ДПМНЕ ја пропуштила шансата од Македонија да направи пристојно место за живеење, а добиените мандати, како што наведе, нивните пратеници ги користеле за лично и партиско богатење.

Денеска после 10 години на власт дпмне е најбогатата партија во европа со најсиромашните граѓани. Нивниот имот се проценува на 60 милиони евра или 10 милиони евера повеќе од ЦДУ на Ангела Меркел. На 11-ти декември имаме реална шанса историска да го победиме овој криминоген начин на водење држава. Наместо да донесе преродба дпмне стана гробар на оваа земја – додаде Јаневиќ.

Според портпаролот на ЛДП, по 11 декември ќе има суштински реформи во системот.