Кумановските стечајци задоволни од донесувањето на Законот за стечајци

Сподели со своите пријатели

Кумановските стечајци од здружението „Унит“, на денешната прес-конференција го оценија како „спас за стечајците“, неодамна донесениот Закон за стечајци.

Координаторот на здружението, Лилјана Георгиевска, изјави дека на ниво на држава со овој закон биле пријавени приближно 3.500 стечајци, додека од Куманово таа бројка изнесува 1.200. Додаде дека се очекува и одреден број на стечајци кои не беа опфатени со овој закон со одредени измени на членови, наредната година да бидат материјално обезбедени.

– Благодарност до народната Влада, министерката за труд, Мила Царевска, премиерот Зоран Заев. Мора да кажам дека и оние кои не беа опфатени и за нив ќе се најде соодветно решение, бидејќи има волја за решавање и за нивниот статус, изјави Ѓеорѓиевска.

Таа појасни дека сега не се опфатени оние лица кои немаат 15 години стаж во фирми со доминантна државна сопственост и дека на ниво на државата има околу 500-600 лица.

– Куманово беше индустриски град и затоа има најголем број пријавени стечајци. Речиси и да нема компанија од која немаме стечајци, „Биброк“, „Зик“, „ЧИК“, „Киро Фетак“… Имаме 1.200 пријавени стечајци. Некои ќе почекаат како ќе наврашт години на старост, така ќе аплицираат, додава Ѓеорѓиевска.

Стечајците велат дека по долги години неизвесност ќе имаат средства за да си платат сметките и да живеат достојно. Од кумановски „Унит“ изразија благодарност и до актуелниот градоначалник Зоран Дамјановски и до Советот на општината кои досега ги субвенционираа сметките за вода и смете преку јавните претпријатија. Стечајците ќе добиваат месечен надоместок од 7.596 денари,а треба да имаат да имаат најмалку 15 години стаж во претпријатие со доминантна државна сопственост, прекин на работен однос врз основа на стечај, ликвидација или технолошки вишок, 55 години за мажи и 52 за жени.

Извор: МИА

Loading...