Кумановските стечајци протестираа пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ (фото)

Сподели со своите пријатели

Стечајните работници од Куманово денеска одржаа мирен протест пред штабот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ лоциран во зградата на поранешен Комитет каде го изразија револтот од како што велат блокирањето на институциите за што директно ги обвинија пратениците од партијата.

Како што вели претседателката на Здружението на стечајни работници, Лилјана Георгиевска покрај тоа што ВМРО-ДПМНЕ во периодот на десетгодишна власт не им помогнала за решавање на статусот, сега го кочи процесот повторно со блокада на Собранието и институциите не дозволувајќи пратениците кои им ветиле решавање на егзистенцијалното прашање да го изгласаат нивниот закон.

Затоа сме тука, да дадеме една порака да престанат со игрите и да ги бранат криминалците, туку да се пушти собранието да почне да работи за да може побргу оваа категорија на граѓани да се обештети. Овде ги повикавме само најмирните стечајни работници, затоа што револтот е преголем по вчерашните настани и оние кои се понервозни им рековде да не доаѓаат, така што сакаме мирно да го искажеме нашиот револт, кој е единствено од егзистенционално прашање, сакаме и ние да бидеме номални граѓани на оваа општество и порачуваме на владата на Груевски да не се игра со животите на граѓаните, туку да седне во опозицијата што ништо не е страшно и да се пушти процесот, да се работи и да бидеме нормална држава, затоа што сите ќе трпат последици од ова што се случува – изјави Георгиевска.

Loading...

Таа воедно упати поддршка до праениците кои вчера беа нападнати во Собранието и ги повика граѓаните да останат мирни, да не потпаѓаат под провокации, туку по мирен пат да си ги остварат своите барања.

На еден стечаец одеа по десет полицајци, со шлемови, штитови, не ни беше дозволено ниту до оградата да се доближиме, бевме малтретирани, влечени, затворани, по судови, додека вчеравечер гледавме како на страна си пијат вода полицајците и слободно влегува народот во Собранието, што значи дека е точно игранка на ВМРО-ДПМНЕ за да се закрви народот и да може да остане на власт, се надевам дека нема да успееме, мора да сфатиме сите каква е вистината и да се определиме на оние наши барања и стечајните работници нема да учествуваме во ништо само ќе си бараме свое обештетување – додава Георгиевска.

Стечајниот работник Веселин Марковиќ  вели дека додека тие протестирале никој од ВМРО-ДПМНЕ не ги повикал ниту на разговор, ниту сакал да им го реши проблемот за кој посочуваат.

Кога излегувавме ние стечајците пред Парламент или пред Влада милиција имаше да се чудиш колку одеднаш излегуваа сите во панцири, а вчера тоа беше изненадувачки, дошле 10 полицајци да го заштитат законодавниот дом каде тшо треба тука да се решава за целито македонски анрод, да им ги решаваат проблемите, полицијата се тргна, Чавков во рок од половина час може да собере 10-15.000 полицајци за да се реши тој проблем, знаат дека тоа се случува, веднаш ќе излетаат и ќе гор ешат проблемот, за мене е несфатливо што сега дојдовме овдека, СДСМ ни вети дека кога ќе дојде на власт за сите стечајци ќе се реши проблемот и дека ние ќе излеземе од оваа агонија – изјави Марковиќ.

Стечајците од Куманово велат дека нивниот проблем лесно може да се реши, но се плашат дека кочењето и на локалната самоуправа ќе доведе до уште поголеми проблеми и можеби можен прекин на субвенциите кои ги добиваат од Општина Куманово.