Кумановските советници утре ќе расправаат по 29 точки од дневниот ред

Сподели со своите пријатели

Утре со почеток од 10 часот ќе започне педесет и шестата седница на Совет на Општина Куманово на чиј дневен ред пред советниците ќе се најдат вкупно 29 точки.

Седницата можете да ја следите со директен пернос на Телевизија Плус, а во продолжение дознајте за што ќе дебатираат народните избраници.

  1. Информација за превземени  мерки и активности од страна на Полициска станица од општа надлежност Куманово во текот на првото полугодие од 2016 година;

  2. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за II квартал од 2016 година;

  3. Предлог – Одлука за измена на Одлуката за доделување на паричнa помош од Буџетот на Општина Куманово за поплавените региони во Град Скопје;

  4. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ Куманово за период од 01.01.2016 – 31.03.2016 година;

  5. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ Куманово за период од 01.04.2016 – 30.06.2016 година;

  6. Извештај за деловно – финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јануари – Март 2016 година;

  7. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јануари – Март 2016 година;

  8. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Април – Јуни 2016 година;

  9. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за утврдување на недвижни ствари кои треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;

  10. Извештај за извршување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово и на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општина Куманово за периодот од 1 јануари 2016 година до 30 јуни 2016 година;

  11. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Куманово за 2016 година;

  12. Предлог – Одлука за определување на имиња на улици со нумерација на објекти во населено место Гладно Поле – Општина Куманово;

  13. Предлог – Решение за давање согласност на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово да може да има поголем број на деца во воспитните групи;

  14. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Перо Чичо“, дел од УБ 15 плански опфат меѓу ул.”Благоја Думановски”, ул.”Новопланирана”, ул.”Михајло Пупин” и пешачка патека – Општина Куманово;

  15. Предлог – Одлука за утврдување на услови за начинот на градење во село Агино Село, Општина Куманово за кое нема урбанистички план;

  16. Предлог – Одлука за утврдување на услови за начинот на градење во село Черкези, Општина Куманово за кое нема урбанистички план;

  17. Предлог – Одлука за утврдување на услови за начинот на градење во село Горно Којнаре, Општина Куманово за кое нема урбанистички план;

  18. Предлог – Одлука за утврдување на услови за начинот на градење во село Пчиња, Општина Куманово за кое нема урбанистички план;

  19. Предлог – Одлука за утврдување на услови за начинот на градење во село Студена Бара, Општина Куманово за кое нема урбанистички план;

  20. Предлог – Одлука за утврдување на услови за начинот на градење во село Табановце, Општина Куманово за кое нема урбанистички план;

  21. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето предвидена со важечки ГУП  СЗ – социјална заштита  во Г3- сервиси за дел од УЕ „11-ти Ноември“, дел од УБ 66 – Општина Куманово;

  22. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето предвидена со важечки ГУП  Д2- заштитно зеленило во А1- станбени куќи за дел од УЕ Проевце, дел од УБ 22 за КП 20248- Општина Куманово;

  23. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 3714, м.в. Велешки пат, КО Куманово – Општина Куманово;

  24. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 21/20, м.в. Кумли Баир, КО Биљановце-вон г.р. – Општина Куманово;

  25. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 432/16, м.в. Новине, КО Биљановце-вон г.р. – Општина Куманово;

  26. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1621/8, м.в. Поток, КО Орашец – Општина Куманово;

  27. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 2298, м.в. Село, КО Клечевце – Општина Куманово;

  28. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 3372/1, м.в. Село, КО Градиште – Општина Куманово;

  29. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 3904, м.в. Мачја Глава, КО Куманово – Општина Куманово;