Кумановските пожарникари со неколку интервенции изминатите 24 часа

Сподели со своите пријатели

Неколку помали пожари биле регистрирани на територијата на Куманово во текот на изминатото деноноќие, а по интервенцијата на вработените во Територијалната противпожарна единица Куманово истите биле изгаснати, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во атарот на селото Пчиња четворица пожарникари интервенирале на опожарена сува трева и борова шума во период од 07:45 до 13:10 часот.

Интервенција на запалено стрниште, четворица пожарникари имале во атарот на село Табановце во период од 12:50 до 14:10 часот.

Во касарната „11 Ноември“ во населбата Бедиње исто така бил регистриран пожар. Со две противпожарни возила, шестмина пожарникари гаснеле сува трева и запален смет од пластика. Интервенцијата траела од 15:15 до 16:45 часот.

 

Loading...