Кумановските одбојкарки утре го пречекуваат составот на ОК Бами Кор

Сподели со своите пријатели

Во Државната лига во одбојка за сениорки, во сабота 26.11. се закажани натпревари од 4. коло од конкуренција за дами. Екипата на Сити Волеј Славков и Куманово, на домашен терен ја пречекува екипата на Одбојкарскиот клуб Бами Кор од Тетово.

По трите одиграни кола екипата на СВСК се на врвот на табелата со максимални 9 поени – 3 победи во 3 натпревари –  додека Одбојкарскиот клуб Бами Кор со една победа е на петото место. Сите играчи се на располагање на тренерите Вујадиновиќ и Славков и со позитивна атмосфера очекуваат продолжување на нова победа на нашата екипа.

Натпреварот ќе се одигра во салата на СОУ Перо Наков со почеток во 16:00 часот.