Кумановските кик-боксери со врвни резултати од Балканскиот куп

loading...

Викендов во Ниш, Србија се одржа Балканскиот куп во кик бокс на кој учество зедоа 50 клубови од балканските земји, а учество имаше и клубот „Куманово 2006“ со своите претставници.

Иако не освоија медали, сепак кумановските боксери се претставија во најдобро издание. Натпреварувачот Милан Милетиќ стигна до четврт-финалето во кое загуби од Бобан Илоски од клубот „Шампион“ Скопје во дисциплината „кик лајт“ – 79килограми кој подоцна беше прогласен и за борец на турнирот од клубот.

Инаку превенството имаше клубски карактер. Тренерот поради работните обврски не отпатува во ниш, но клубот го претставуваа неговите најдобри избраници, Филип наковски и Игор Крстевски. Тренерот Илиевски е благодарен со постигнувањата на своите борци и постигнатите резултати.

Благодарност до градоначалникот и Сојузот на спортови на Општина Куманово со која го организиравме ова учество на турнирот. Ова беше последната активност од календарот за оваа година која може да се карактеризира каок успешна година за ММА Куманово 2006.

Претходно, кумановските кик-боксери врвни резултати освоија и на ММА турнирот кој се одржа во Куманово.

 


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments