Кумановските кик-боксери брилираа на државното првенство, Наковски заминува на светски куп

Сподели со своите пријатели

Членовите на Кик бокс и ММА клубот Куманово викендов повторно блириаа, овој пат на Државното првенство од каде се вратија со три сребрени медали.

Втори места освоија Давид Спасовски и Лука Велковски во кик бокс дисциплината, додека Милош Велевски брилираше во ММА дисциплините.

 

Loading...

 

Тренерот на клубот, Сашо Илиевски истакна дека е презадоволен од успехот и очекува исти такви резултати и во иднина.

Инаку според календарот на Кик бокс федерацијата на Македонија, од 15ти до 18ти месецов ќе се одржи „Bestfighter wako world cup“, односно Светски куп во кик бокс во Римини, Италија, каде учество ќе имаат неколку клубови од државата.

Честа да ги брани боите на кумановскиот клуб му припадна на државниот првак Филип Наковски кој ќе се натпреварува во дисциплината К1, категорија до 86 килограми. Изборот го направи неговиот тренер Илиевски кој смета дека во изминатите години токму Наковски има обезбедено добри резултати и континуирано ја доградува својата форма за што зборуваат и медалите од балканските и државни првенства и турнирите на кои учествува.

 

 

Илиевски смета дека Наковски ќе ги оправда очекувањата и ќе се врати со позитивни резултати.

Инаку учеството на овој светски куп е овозможено благодарение на финансиската поддршка од страна на градоначалникот на Општина Куманово, како и општинскиот сојуз на спортови кои во овој клуб гледаат спортски амбасадор на градот.