Кумановските атлетичари прогласени за најдобри во државата (фото)

Сподели со своите пријатели

Милан Вељковиќ и Иван Тимчевски се најдобрите атлетичари не само во Куманово, туку и во целата држава, а такво признание им додели и Атлетската федерација на Македонија врз основа на резултатите кои овие млади кумановци ги постигнаа во текот на 2016та година.

Вељковиќ беше прогласен за најуспешен во категоријата млади младинци кој признанието го освои во конкуренција со атлетичари кои се една година повозрасни од него. Зад него стои богата година со многу медали и рекорди. Учествуваше и на Сениорското балканско првенство во Истанбул, а сребрен медал од Турција донесе и од Меѓународниот атлетски митинг, од Белград пак донесе прво место во категоријата до 18 години од меморијалниот атлетски турнир.

Ја освоив оваа награда со мојот најдобар резултат на 400 метри со пречки која е воедно и државен рекорд за истата категорија. Ова ми е трет пат да освојам ваква награда, прв пат беше во категорија млади пионери, втор пат во пионери и еве трет пат во категорија млади младинци и ова е едно навистина одлично чувство и ќе се трудам истото да се случи и оваа година, а се надевам и во наредните години – изјави Вељковиќ.

Со врвни резултати 2016 година ја заврши и Иван Тимчевски кој од федерацијата го доби признанието најдобар атлетичар во категоријата пионери.

Ова година беше добра година, имаше добри тренинзи, натпреварите еве веќе вредно е да напоменам дека имам рекорд на 1.500 метри и за што ме наградија. Благодарен сум и ова година ќе продолжам со тоа темпо, сега влегувам во категоријата млади младинци и се надевам дека ќе му конкурирам на мојот колега Милан – рече Тимчевски.

Loading...

 

Трета година по ред Атлетски клуб Куманово е најдобриот во државата, а и оваа година тренерот Филип Колевски го доби признанието за најдобар во својата струка. Тој нагласи дека е презадоволен од постигнатите резултати во изминатата година, а во 2017та влегуваат со амбиции за поголем успех.

Овие двајца момци и Матеја Ефремовска добија пофалници за постигнати државни рекорди за особен придонес за атлетиката за оваа година и веќе каок ќе доаѓа четири години по ред имаме постигнување рекорди од наши членови на Атлетски клуб Куманово што е еден многу убав континуитет и мислам дека тоа ќе продолжи и оваа година, тоа се млади деца уште во таа категорија и нивниот личен рекорд и нивните лични постигнувања ќе бидат нивен државен рекорд – рече Колевски.

Во текот на 2016 година, членовите на Атлетски клуб Куманово соборија низа државни рекорди и донесоа десетици медали како од домашни, така и од меѓународни натпревари.