15.12.2017 13:30

Кумановските атлетичари по 4. пат на државниот трон

loading...

Атлетскиот клуб Куманово четврта сезона по ред останува најдобар клуб во државата, а тоа го потврди и признанието од Церемонијатана Атлетската федерација за прогласување на најдобрите за 2017 година.

Освен успесите на клубот, меѓу индивидуалните успеси се издвојува трудот на тренерот Филип Колевски, кој и годинава се закити со признанието најдобар во својата професија.

– Оваа година бев прогласен за најдобар тренер и она што ме радува и оваа година продолживме со поставување на државни рекорди, имавме три државни рекорди помалку, но четири години по ред нашите членови поставуваат државни рекорди, што веќе покажува дека не е случаен талент што налетал туку држиме талент. Сега ќе не интересира се повеќе од овие атлетичари да направиме врвни атлетичари и натпреварувачи и да настапиме поуспешно на меѓународните натпревари, се концентрираме нашите атлетичари што се веќе во федерацијата да бидат столбови на добрите резултати на македонската репрезентација, изјави тренерот Колевски.

 

 

Освен клубот и тренерот, признанија беа доделени и за двајца кумановски атлетичари Никола Стојановиќ и Милан Вељковиќ како најсупешни атлетичари во категориите во кои се натпреваруваа во годината што изминува. Вељковиќ се закити со признанието најуспешен млад младинец за 2017 година во Македонија.

– Бев прогласен како најдобар со мојот резултат на 100 метри со 11,52 секунди и исто така добив награда за поставени државни рекорди во дисциплината државни рекорди во дисциплината 110 метри со пречки, т.е. беше поставен државен рекорд и потоа го поправив уште два пати и тоа беше вредно да се спомене. Можеби мој најважен настап беше на Европското првенство до 19 години кое се одржа во Италија, таму настапив во дисциплината 110 метри со пречки, но две години сум помал од сите натпреварувачи таму па не успеав да се изборам за некој подобар пласман, изјави атлетичарот Вељковиќ.

Успеси годинава нижеше и Катерина Тимчевска, која е дел од штафетната репрезентација на Република Македонија.

– Јас како еден од четирите членови на македонскиот штафетен тим на 4х100 и 4х400 метри, сме номинирани за најуспешен национален тим на Македонија, на манифестацијата спортист на годината, изјави Тимчевска.

Атлетскиот клуб Куманово во текот на годината која изминува има освоено трицифрен број на медали, како од домашни, така и од меѓународни натпреварувања.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments