Кумановскиот суд определи 30-дневен притвор за државјанин на Бугарија

Сподели со своите пријатели

Една кривична пријава е поднесена до Основното Јавно Обвинителство Куманово од страна на Царинската управа на Република Македонија,  против лицето Р.Б., бугарски државјанин, кој на ден 25.01.2018 година со автомобил со бугарски регистарски таблички се пријавил за излез од Република Македонија на граничниот премин Табановце.

По извршен преглед на возилото, во специјално направен бункер биле пронајдени 71 пакетче наполнети со марихуана, со тежина од 17,7 килограми.

Како што информираат од Царината, пријавениот е изведен пред судија на претходна постапка во Основниот Суд Куманово, кој му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Leave a Reply