Кумановски основци со трето место од литературниот фестивал „Ракатки“ (фото)

Сподели со своите пријатели

На 22 и 23 април 2017 година по тринаесетти пат, се одржа Републичкиот  детски литературен фестивал „Ракатки 2017“, под мотото „Имам желба“. На главната фестивалска вечер што се одржа во Радовиш, настапија триесет и пет  наградени ученици од цела Македонија, коишто со своите поетски и прозни творби го потврдија приматот на најдобри детски литерати.

Учество на овој реномиран детски фестивал зедоа и ученици од Куманово. Анастасија Богдановска од IX-2 одд. од ООУ „Вук Караџиќ“ под менторство на професорот Николче Јакимовски и Илијана Симоновска од IX одд. од ООУ „Магдалена Антова“ под менторство на професорката Валентина Петрушевска,  освоија III-та награда.

Фестивалот секоја година се одржува во различни места, а оваа година домаќин беше градот Радовиш. Домаќините покажаа огромно гостопримство, се покажаа како одлични организатори и фестивалот помина во најдобар можен ред. Учениците и наставниците освен настапот на фестивалската вечер каде што уживаа во убавиот пишан збор, имаа чест и задоволство да ги видат убавините на градот Радовиш и неговата околина, а имаа и свечен прием кај Градоначалникот на Општина Радовиш, кој беше покровител на фествалот – изјави Николче Јакимовски, наставник по македонски јазик во ООУ „Вук Караџиќ“ – Куманово.

Loading...

Фестивалскиот одбор на Ракатки изрази желба, следниот  фестивал да биде одржан во Куманово. Се надеваме дека Куманово, како град кој ги негува културните вредности и    покровител на многу културни настани ќе успее во таа намера да биде домаќин на следниот фестивал и ќе успееме да го ставиме фестивалот на агендата на културни настани за 2018 година.