„Кумановски акцијаши“ доделија благодарница на градоначалникот и општината (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Здружението на граѓани „Кумановски акцијаши“ денес додели благодарница на Општина Куманово и градоначалникот Зоран Дамјановски, како и секретарот Валентина Алексовска за поддршката која ја дадоа на здружението во текот на изминатата година.

 

Loading...

 

Како што истакна првиот човек на Здружениет, Јусуф Љатифи, „Кумановски акцијаши“ беа првото здружение на просторите на поранешна Југославија со признание какво што е „Ноемвриската награда“ за промовирање на волонтерската работа.

Имајќи во предвид дека Кумановски акцијаши според времетраењето до сега сме најмладо искрено кажано дека такво признание без поддрша на оние луѓе кои ја водат оваа заедница не ќе можевме да добиеме никакво признание. Добивме признание и од здружението „Акцијаши“ од Белград и од „Бела Црква“ – рече претседателот на здружението, Љатифи.

 

Како што рече Дамјановски ова е здружение кое дава добар пример за соработка помеѓу локалната самоуправа и невладиниот сектор.

Ова благодарност е израз на тоа што во билатерала имавме добра комуникација. Како што истакна претседателот на здружението направивме многу проекти оваа година, пред се еко проектите за чистење на зелени површини, кастрење, сечење и уредување на зелените површини, работната акција во Република Србија, учество во Стајковци по поплавите и нашето учество како локална самоупарва и учество на здружението на граѓаните и учеството во „Моето маало“ заедно со младинскиот клуб на Социјалдемократската младина каде имаме определени делови на градот кои беа уредувани заедно со младинците и кумановски акцијаши, четири, пет проекти кои во тек на оваа година покажаа и беа покажани со граѓаните, а поддржани од локалната самоуправа – рече Дамјановски кој потенцираше дека граѓанските здруженија се идинина за решавањето на проблемите на граѓаните.

 

Љатифи најави и нов проект „Куманово 2017“ кој чќе опфати крајбрежно расчистување на брегот на реките Липковка и Кумановка во должина од 10 километри заедно со волонтери од Скопје, Охрид, „Феријален сојуз на Македонија“ и Сојузот на извидници.

Во период од два месеца секој викенд ќе работат некаде околу 200 млади волонтери, а целта е да го расчистиме крајбрежјето, знаете и сами дека има диви депонии. Минатата година локалната самоуправа со јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ ги започна тие активности, а ние само се вклучуваме во тие активности оваа година – рече Љатифи.

Loading...

 

Дамјановски пак најави изградба на речно корито од автопатот до вливот на реката Кумановска и Липковка во должина од 1,8 километри во соработка со УНДП и „Кумановски акцијаши“.

 

 

Здружението постои краток временски период, но со својот труд покажа дека може да го промовира волонтерскиот дух кај граѓаните.