Кумановската полиција минатата година запленила 12 килограми марихуана

Сподели со своите пријатели

Вкупно 12,4 килограми марихуана запленила кумановската полиција во текот на 2017 година, според годишниот извештај презентиран на денешната седница на Советот на Општина Куманово.

Како што истакна советникот Зоран Петушевски во своето излагање, биле запленети 10,67 грама хероин, 0,21 грама кокаин, мешавина од тутун и марихуана 0,77 грама, како и 3,23 грама амфетамин, пет семки канабис и 8,22 грама мешавина од коефин и парацетамол.  Како што вели ова е мала заплена, ако се земе предвид колку опијатите се распространети во Куманово.

– Тешко е тоа, знам тоа е организирана мрежа, но мислам дека процентот на раширеност и употребата на овие сутпстанци кај нас е многу поголема, јас не ја знам полициската работа, но мора да изнајдат начин да бидат поефикасни, ова е навистина ми се чини многу малку, рече Петрушевски.

 

Loading...

 

Според командирот на Полициската станица од општа надлежност Куманово, Игор Митевски нема намалување на бројот на заплена.

– Забелешките од страна на советникот донекаде се во ред. На пример, разликата е во поднесени кривични пријави во однос 2016-2017 година. Во 2016 година имавме заплена на неколку насади со марихуана, тоа се луѓе  кои одгледувале марихуана, зборувам за 2016 година, а во 2017. немаме таква откривачка дејност, значи тука е разликата во бројките. Точно е дека има разлика во бројките, а тоа само кажува дека бројките се реални, вели Митевски.

Кривични пријави за употреба на пиротехнички средства минатата година заработиле 13 граѓани на Куманово, брифираше командирот Митевски кој додава дека тоа се должи пред се на постојаното присуство на полициските служби на терен.

– Се надевам дека и граѓаните имаа оваа година можност да забележат дека околу новогодишните празници, употребата на тие пиротехнички средства беше многу намалена за разлика од другите години. Пред се тоа се должи на оперативната поставеност на службите, од една страна, а од друга страна активноста на Отсекот за превенција кој што беше поактивен во однос на ова пред новогодишните и божиќни празници. Се разбира за секое нарушување на јавниот ред и мир, полициските служби реагираат тука станува збор за член 31 од Законот за јавен ред и мир каде што имаме пријавено 17, а расчистено 13 пријави за употреба на пиротехнички средства, рече Митевски.

Сепак, криминалитетот на подрачјето на Општина Куманово во текот на 2017 година бележи намалување и тоа за 4,6 отсто. Биле регистрирани вкупно 1.189 кривични дела, додека реализацијата е 58,3 проценти. Најзастапени во 2017 година биле имотните делики, односно 681 случај. Минатата година биле  регистрирани и двеу биства,  на дете при пораѓање и едно учество во тепачка.

Се бележи пораст на сообраќајните несреќи и тоа од 12,7 отсто. Биле регистрирани вкупно 498 сообраќајни несреќи, а во две од нив животот го загубиле две лица. Пајак возилото во текот на 2017 година подигнало 547 возила.