Кумановската полиција даруваше крв

Сподели со своите пријатели

Вработените во Секторот за внатрешни работи Куманово денеска даруваа крв на првата крводарителска акција за оваа година, организирана од страна на Отсекот за превенција, а која се одржа во просториите на кумановската полиција.

Акцијата започна утринава во 9 часот во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Општинската организација на Црвениот крст од Куманово.

Околу триесетина крвни единици беа собрани во првите два часа од акцијата, која треба да трае до 14 часот.

Досега имаме вообичаено околу 70 крводарувања, денеска за период од два часа имаме 30, што значи дека очекуваме да се постигне вообиачено 70 крвни единици. Од година во година има се поголема заинтересираност да се дарува крв на тој начин покажуваме дека не само што сме во служба на граѓаните туку и во хумани цели да даруваме крв и да помогнеме да се спаси нечиј живот кога тоа ќе биде потребно, изјави Виолета Богдановска, началник на Отсек за превенција при СВР Куманово.

Од Институтот за трансфузиона медицина, велат дека постои добар интерес кај вработените во кумановскиот Сектор за внатрешни работи.

Со секое десетто дарување, 11-то и понатаму, нашите дарители имаат бенефиции во здравството, се работи за партиципацијата. Дарувањето е здраво и убаво за сите, Јасмина Трајкова, Институт за трансфузиологија Скопје.

Ова е првата од предвидените три крводарителски акции кои согласно годишниот план на Министерството за внатрешни работи, треба да ги спроведат полициските службеници.

Leave a Reply