Кумановската болница доби инкубатор за предвреме родени бебиња (фото)

Сподели со своите пријатели

На Одделот за гинекологија и акушерство при Општа болница Куманово денеска пристигна новиот инкубатор за предвреме родени бебиња, кој е во рамкиет на предвидените 16 кои Владата на Република Македонија со буџетски средства ги донираше до Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, но и во неколку други градови, меѓу кои и Куманово.

 

Loading...

 

Како што изјави денеска директорката на кумановската болница, Снежана Захариеваоваа апаратура, која е софицстицирана ќе помогне адекватно да бидат згрижени предвреме родените бебиња, а би биле уште порадосни доколку успеат и кадровски подобро да се екипираат.

– Би биле радосни ако можеме подобро кадровски да се екипираме, затоа што апаратурата е еден од сегментите за допобрување на здравствената заштита на новороденчињата, но потребно е да имаме доволен персонал за што веќе имаме упатено барање до Владата и министерството. Апаратот е нов, софистициран, со сите потребни дотацоти кои се потребни да претставуваат адекватна средина за едно предвреме родено бебе, а исто така ќе биде и олеснителна околност за Клиниката за гинекологија и акушерство и Клиниката за педијатрија, оддел за интензивна нега каде што се згрижуваат овие деца, кои пос табилизирање на состојбата ќе може да бидат вратени во нашата матична установа, рече Захариева.

 

 

Одделот за гинекологија и акушерство во кумановската болница има четири инкубатори кои се во функција, а со овој дополнително ќе се зголеми можноста да се пружи медицинска помош на предвреме родените бебиња и најмалите пациенти, потенцираше Захариева.

– Имаме четири кои што се во фукнција, некои ситни поправки ќе бидат потребни, но може да функционираат, овој новиот е веќе пософистициран тип и се надевам дека со овие веќе постоечки четири што ги имаме, тоа ќе биде доволно да ги задоволи нашите потреби. Ние сме град со околу 1.400 раѓања на годишно ниво што е добра бројка и се надевам дека со помошта која ја добиваме од министерството и Владата во овој контектст, грижа на новороденчињата ќе успееме да не бидеме на врвот на листата по зголемена смртност на новороденчиња на ниво на Европа, додаде Захариева.

 

Loading...

 

Кумановската болница располага со 35 акушерки и 10 сестри кои го осплужуваат боксот, меѓутоа нема неонатолози и високо стручен кадар.

– Немаме ниту еден неонатолог, порано овој оддел за неонатологија имал двајца неонатолози меѓутоа и двете се заминати во пензија, после нив имавме еден неонатолог , истата е замината во приватна болница на работа, и ние оваа служба ја држиме со помопш на нашите педијатри. Но за организирање дежурства повикуваме неонаталози од Клиниката за гинекологија, изјави директорката Захариева.

 

 

Барања за доекипираност на болницата и нов неонатолог биле упатени до ресорното министерство, но за решавање на овој проблем се чека да биде назначен нов министер за здравство.