Кумановската бања се враќа во живот (галерија)

Сподели со своите пријатели

Кумановската бања, лоцирана во атарот на селото Проевце, три километри од центарот на градот конечно повторно е пуштена во употреба, целосно реновирана и опремена, со сите услови за престој на посетителиет.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”408″]

 

Бањата беше симбол препознатлив на далеку по својата убавина, но и лековитите својства, во близина се наоѓаше и познатиот хотел „Куба“ кој сега е собиралиште на бездомници и љубители на опијати, заборавен на забот на времето.

Интернистот, д-р Бранко Јовановски,уште пред четири децении запишал дека по хемиски состав е идентична со Врњачка и Буковичка Бања во Србија, со Бањата Виши во Франција, со изворите Вилдунген и Маријанске Лазне во Република Чешка. Според некои анализи, оваа бања е дури и подобра од нив, односно ги нема недостатоците кои тие ги имаат.

Лековита е за нервен систем и системот за варење. Полезна е за гастрит, чир на дванаестпалачно црево, за прележан хепатит, хронично воспаление на дебелото црево и полесни форми на шеќерната болест, за мочните патишта и мочниот меур, за бубрезите, за неврози, несоници, психички и нервни исцрпености, гинеколошки проблеми, за егземите и разните дерматити. Но, поради својството за обновување на ткивото, таа се смета и дека подмладува, запишал д-р Јовановски.

Препорачлива е и за стоматолошките проблеми, особено поради присуството на флуорот.

Симболот на едно прекрасно време за постарите генерации повторно заживува во надеж дека ќе го врати стариот сјај на оваа место кое е вистински дар од природата.