Кумановска епархија изработи под – портал за Страсната седмица

loading...

Во пресрет на Страсна седмица, Кумановско – осоговската епархија изработи информативен под-портал во склоп на официјалната веб-презентација на КОЕ.

Содржините пласирани на овој информативен портал служат за објаснување на светите и велики денови од Страсната седмица.

Страсната седмица (со значење Страдална седмица) во православната вера е седмица за одбележување на последните денови од Христовиот живот на земјата.

superbox-full-39

Секој ден во оваа Велика седмица во богослужбените книги е наречен „велик и свет“, и секој еден од нив е одбележан од посебни и карактеристични богослужби кои се разликуваат од богослужбите во останатите денови од годината. Во овие денови животот на верните христијани како да престанува, и тие се „искачуваат со Господа во Ерусалим“ (од Утрената на Велики понеделник).

Секој ден од Страсната седмица е посветен на определена тема, односно парабола. Во првите три дена, на Часовите, како и на Литургијата на претходноосветени дарови се чита Евангелието. Eвангелието се чита и на Утрените богослужби, наречени „Служби на Женихот“, во кои централна тема е второто Христово доаѓање и Судот, а кои вообичаено се служат навечер. Старозаветните паримии се читаат од Втората книга Мојсеева, Книгата Јов и пророците.


Последни наслови

Facebook Comments