Куманово вчера рушеше рекорди во загаденоста на воздухот

Сподели со своите пријатели

Последните 24 часа Куманово беше на врвот на листата на градови со најзагаден воздух во државата, откако во воздухот беа измерени енормно високо ниво на ПМ10 честички над дозволеното.

Најголемо загадување според податоците на мерните станици било регистрирано околу 23 часот кога скоро за 5 пати загаденоста на воздухот била над просекот кој зинесува 50mg/m3, односно 270 милиграми на метар кубен воздух.

Утринава загаденоста е намалена, но новата грејна сезона очигледно повторно ги враќа старите проблеми. Куманово минатата година доби исправна мерна станиц за квалитетот на воздухот, претходната со децении беше надвор од употреба па граѓаните немаат можност да знаат каков воздух дишат.

 

Loading...