Куманово домаќин на Државното првенство во атлетика за основци (галерија)

loading...

Атлетската патека во Куманово денеска беше домаќин на Државното првенство во атлетика за околу 300 ученици од 37 основни училишта од цела Македонија, а во организација на Федарацијата и општинскиот училишен сојуз на спортови.

 

 

Натпревари во трки на 100 метри, фрлање ѓуле, скок во височина, скок во далечина беа само дел од дисциплините во кои се натрераварува учениците.

 

 

Според претседателот на Федрацијата на училишни спортови, Александар Туфекчиевски спортот е нешто што сите не обединува.

Атлетиката е темелот, базата, кралицата на спортовите и навистина во училишниот спорт многу сериозно атлетиката секогаш е присутна на овие наши манифестации. Ова е еден убав момент за младите генерации преку спортот да создадат позитивна енергија, позитивно дружење, едно единство за она што значи подобро за сите во оваа наша Македонија – изјави Туфекчиевски.

 

За најдобрите основци од денешната манифестација ќе следуваат медали и признанија со кои ќе може да аплицираат за стипендии, но и да учествуваат на летниот камп во Охрид.

На сите најдобри ученици кои ќе освојат прво, второ и трето место, федерацијата преку агенцијата за млади и спорт обезбедува и еднонеделен камп во Охрид, нормално со еминентни стручњаци и тренери, каде ќе ги имаат сите најдобри ученици во атлетиката, да направат покрај дружба и забава и тренажен процес за да ги подобрат своите психофизички спобности. Ова ни е за месец дена четврто државно првенство кое го организираме во Куманово, имавме во мал фудбал, голем, за машки и женски и ни останува уште до крај на месец мај општинско првенство во пливање и уште сега најавуваме дека во јуни ќе се одржи и државно првенство во пливање на кое ќе бидеме домаќини  – изјави Миле Јордановски од Сојузот на училишни спортови.

 

Атлетскиот хепенинг за отворен го прогласи градоначалникот Зоран Дамјановски, а атлетската патека по петти пат е домаќин на државно првенство во атлетика.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Loading...

Последни наслови

Facebook Comments