Куманово денес слави 71 година живот во слобода и соживот (фото)

Сподели со своите пријатели

Во североисточниот дел на Република Македонија, на надморска височина од 340 метри, помеѓу двете страни на реките Липковка и Кумановка, лежи град по име Куманово кој гордо го носи името според некогашното племе Кумани.

Loading...

Се претпоставува дека Куманово било основано во XII век во близина на селото Жеглигово, со цел да го чува преминот меѓу реките Вардар и Јужна Морава. Во 1519, во турските документи се спомнува како село во состав на Нагоричката нахија со 52 семејства и околу 300 жители. Како градска населба (касаба) се споменува во втората половина на XVII век.

View_of_Kumanovo,_c._1913

Со подоценжниот развој, односно до Втората Светска војна, Куманово бил значаен занаетчиски и трговски град, со голем број на трговци и отворени трговски дуќани, со богат добиточен пазар, со едно основно училиште и една Гимназија, раскажуваат стари кумановчани.

10957711_10206658542289262_79082367478246919_n

Во тоа време, Куманово броело отприлика 13 000 жители.

27025_346940863933_4546119_n

На 6 април 1941 година, Куманово потпаѓа под фашистичка окупација се` до 11 Ноември 1944 година, кога градот е ослободен од окупаторските сили, но вредно е да се спомене дека во градот и пред почетокот на војната постоела силна политичка организација откако во 1920 година, Куманово станало ”ЦРВЕНА ОПШТИНА”, бидејќи на општинските избори победува тогашната Комунистичка партија.

Loading...

19964_259727258933_6914535_n

Меѓу двете светски војни, Куманово брои голем број на членови на КМ како и на Сојузот на Комунистичката младина, што во 1941 година на 12 октомври овозможува, од Куманово да излезат два партизански одреди, и тоа: Карадачки и Козјачки одред.

284916_10150271950328934_243747_n

Нивниот воен пораз не влијаел да згасне работата на Комунистичката партија и СКОЈ, и во 1943 година од Куманово излегува и нов партизански одред, а во текот на НОБ, при крајот на 1943 -44 година, се формираат други воени единици и Трета МУБ, од која најголем број борци биле кумановчани. Во текот на 1944  – 45 година, Куманово формира и Кумановска дивизија.

1454845_10151991613073934_908641406_n

Во новата држава создадена на 2 Август 1944 година во Манастирот ”Прохор Пчински” почнува поинтензивен стопански и општествено – политички живот на градот и до 1990 година, Куманово после Скопје, станува втор индустриски центар во Македонија со 28 000 вработени во стопанските организации и околу 8000 во нестопанските дејности.

24027_372216133933_1302058_n

Во време на распадот на СФРЈ, ова стопанство згасне, бидејќи промените во политичкиот систем на Македонија и осамостојувањето, доведува до развивање на капиталистичко производно – општествени односи, а со тоа и до отварање на мали и средни производествени капацитети, со околу 7000 вработени што е третина од вработените во времето на СФРЈ.

Loading...

Во 1996 година, доаѓа и до промени во организирањето на локалната власт кога на власт доаѓа градоначалник и Совет на Општина Куманово, како замена за дотогашниот претседател и Собрание на Општина со одборници организирани во собори.

76424_463484128933_5065533_n

ФОТО: Во ослободено Куманово се шетаат првоборецот Киро Менков со курирот Драгутин Ѓуровски – Гуте и партизанките Веса Марковска, Драга Стојановиќ и Деса Трајковска.

И покрај немилите настани што се случија на 9 и 10 мај, Куманово сепак успева да остане град на мирот и меѓуетничка толеранција и до ден денешен да се гордее со своите сограѓани кои се прогласени за Народни херои на Република Македонија, и тоа со Христијан Тодоровски – Карпош, Боро Менков, Бајрам Шабани, Боро Петрушевски – Папучар, Трајко Стојковски – Бузо, Мара Нацева, Боро Менков и Киро Нацев – Фетак.

За денешната слобода, од Куманово и кумановско паднаа 750 партизани кои ги положија своите животи во Народноослободителната војна.

Вечна им слава.

 

 

Loading...