Кумановката Сара Симоновска се подготвува за концерт во САД

Сподели со своите пријатели

Дваесет и двегодишната Сара Симоновска од Куманово живее и студира во САД каде беше и прогласена за најдобар студент. Средно образование заврши во музичкото училиште „Interlochen“ и студира ударни инструменти.

Студира со помош на целосна стипендија во вредност од 50.000 долари која ја доби од Универзитетот Џексонвил, Флорида, а активно се подготвува за својот солистички концерт/рецитал во САД.

 

Loading...

 

Тоа беше и повеќе од доволен повод да направиме кратко интервју со нашата успешна сограѓанка која храбро чекори кон врвот на светската музика.

 

КМ: Како е чувството да се биде најдобар меѓу најдобрите?

Прекрасно.  Најубаво нешто е кога можеш да соработуваш со луѓе кои имаат ист поглед кон музиката како и ти.

 

КМ: Наскоро може да очекуваме и твој солистички концерт во Флорида. Како течат подготовките?

Подготовките течат  добро, но напорно. Зафатена сум бидејќи  имам  секојдневни проби  кои бараат голема концентрација, а во меѓувреме следам редовни предавања и спремам испити.

 

КМ: Што ќе биде дел од твојот репертоар?

Ќе свирам различен вид на репертоар. Пет става од познатото Јапонско дело “Conversation” од Akira Miyoshi за маримба; соло за четири тимпани “Saeta” од Еlliott Carter, “Inspirations Diabolique” oд Таgawa за мулти перкашн и едн дует за со мојот колега.

 

 

 

КМ: Ова не е твој прв јавен настап пред американската публика. Какви коментари имаше од тамошната публика по твојот концерт?

Коментарите беа супер. Добив позитивни коментари и мислења од професори, колеги и  слушатели кои присуствуваат на секој од моите настапи, без разлика дали е соло настап или настап со оркестар или камерна музика.

 

КМ: Можеме ли наскоро да те очекуваме со концерт кај нас во Куманово?

Мислам дека да. Планирам ова лето да направам солистички концерт, но се зависи од тоа дали ќе можам да најдам маримба и други потребни инструменти што јас лично не ги поседувам.

 

Loading...

 

КМ: Првин стипендија за средно образование, па стипендија за студирање и титула најдобар студент, колку е тешко да се постигнат сите тие успеси далеку од дома?

Неможам да кажам дека не е тешко да си далеку од дома,без разлика во која друга држава да си. Треба време, труд и многу голема мотивација за да се постигнат резултати кои ќе ти биднат во полза за натамошната претстојна кариера.  Но секако, имајќи подршка од најблиските е нешто најубаво што те мотивира за уште поголем успех.

КМ: Училиштетот и универзитетот кој го посетуваш важат за најдобрите, но и најтешките. Колку време издвојуваше за учење и вежбање дневно?

Искрено скоро цел дн. Имам часови, предавања и проби од 8 наутро до 9:30 навечер со мали паузи помеѓу проби.  Свирам во енсамбли, вежбам мој соло репертуар околу 3-4 часа секој ден, најчесто учам кога ќе се вратам дома во вечерните часови, а кога сме блиску до испитна сесија, некогаш не ни спијам.

 

КМ: Какви предности нуди студирањето во САД?

Студирање тука дава многу предности. Најдоброто тоа е што со оваа диплома можеш да работиш секаде низ светот.  Ако си добар студент и видат квалитет во тебе, искрено не те испуштаат. Те праќаат по разни музички случувања и мастер класови, запознаваш и воспоставуваш конекции со познати и успешни музичари, почнуваш да даваш приватни часови и уште многу работи за кои можам да зборувам до утре.

КМ: Планираш ли да останеш во САД и по дипломирањето?

Здравје, мислам дека да. Планирам да аплицирам  за магистратура и се надоградам со уште една диплома, но ќе видиме. Времето ќе покаже.

КМ: Што ќе им порачаш на своите сограѓани средношколци и оние кои поседуваат музички талент, а останале незабележани од јавноста?

Да продолжат со музика, и да вежбаат секојдневно. Вежбањето е 90%, талентот е 10%. Исто така да воспоставуваат комуникации со музичари и да учествуваат на секаков вид музички натпревари. Да се снимаат кога го вежбаат својот инструмент, слушаат после снимање  и да бидат свои лични критичари. Така се напредува најдобро.