Кумановката Илариа Кирилов во новиот спот на Боби Мојсовски (видео)

Сподели со своите пријатели

Младиот македонски изведувач Боби Мојсовски, започна со промоција на својот нов музички запис насловен како „Погледни во мене”.

Loading...

За ова музичко парче одговорни се Јован Василевски – музика и аранжман, текстот е на Боби Мојсовски. Нумерата предвидено е да се промовира и на српско-хрватскиот пазар па затоа е снимена и во соодветна јазична верзија. Дел од спотот е преубавиот модел од Куманово, Илариа Кирилов.

Инаку Мојсовски беше учесник во втората сезона на „Х фактор“, а добитник е и на Гранд При награда на реномираниот интернационален фестивал Славјански базар 2012.