Кумановка нападната и ограбена на улицата „11 Октомври“

Сподели со своите пријатели

Рано утринава во 05,10 часот во СВР-Куманово е пријавено дека Д.Т. од Куманово, на ул.„11-ти Октомври“ пред мостот, била нападната од страна на непознато лице и притоа и одзело блуза и мобилен телефон и избегало од местото на настанот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

СВР- Куманово превзема мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.