Кумановецот Марио Цветковски нов член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Сподели со своите пријатели

ВМРО-ДПМНЕ едногласно го избра новиот состав на Извршниот комитет. Забележително е повлекувањето на одредени политички фигурни, а за смета на тоа доста млади лица ќе бидат дел од новиот состав.

Меѓу нив е и кумановецот Марио Цветковски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Куманово од 2014 година. Цветковски е правник и работи во Центарот за комуникации на партијата.

Освен него на листата се најдоа и: Христијан Мицкоски, кој беше избран и за Генерален секретар на партијата, Никола Србов, Богдан Илиевски, Дејан Јовановски, Светлана Колариќ, Драги Димитриевски, Зекир Рамчиловиќ, Никола Попоски, Антонијо Милошоски, Илија Димовски, Коце Трајановски, Даниела Рангелова, Владимир Нелоски, Александар Николоски, Владимир Ѓорчев, Џери Наумоф, Никола Тодоров, Нермин Теловска, Славче Трпески, Армен Незири, Игор Николов, Александар Тргачевски, Зоран Ставрески, Златко Перински, Анета Стојановска Стефанова, Сеад Солаковски, Емил Димитриев, Ане Лашкоска, Зоран Илиоски, Диана Транталовска Александар Ѓорѓиев.

Претседател на Извршниот комитет е Никола Груевски.

Овој состав на ИК на ВМРО-ДПМНЕ преставува спој на младоста и искуството кој ветува нови успеси на партијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.