Кумановец зел пари од сограѓани ветувајќи им бугарски пасош

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Д. (44) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “измама”.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, пријавениот, од април 2015 година до 22 август годинава на И.Х.(51) и А.И. (43), двајцата од Куманово, им ветил дека ќе им посредува да добијат бугарски пасош, за што во повеќе наврати им зел вкупно 3 500 евра.