Кумановец заработи 100.000 евра на лото

Сподели со своите пријатели

84-то коло на НовоЛото 7/34, чие извлекување се одржа на 19.10.2016 година на ТВ Сител, го донесе и 14-от добитник на главната премија од постоењето на НовоЛото 7/34.

Кумановчанецот И.Ј. е добитник на 6.000.000 денари, премијата која ја гарантира Државна лотарија на Македонија, за седум погодоци. Добитникот е пензионер од Куманово, кој веќе долги години е играч на лото и постојано ги игра истите 8 броеви. Секоја среда и сабота го уплатува своето НовоЛото ливче во за него среќното место КЕОПС во Куманово. Овие броеви се покажале како среќни и изминатата година кога бил добитник на шестка во НовоЛото. Системот од осум броеви и во ова 84 коло во 2016 година му носи седумка, но и дополнителни 7 „шестки„. Паричните средства кои ги освои сè уште не знае како ќе ги искористи, бидејќи и не се надевал дека ќе освои толкава сума на пари, па токму затоа истите броеви ги претплатил за две кола, т.е. за 84 и 85 коло.

Оваа седумка е втора во 2016 година, и доаѓа веднаш, по само три кола по најголемата од постоењето на НовоЛото 7/34 која беше вредна 440.000 евра. Фондот за седумка од наредното коло, повторно ќе биде 6.000.000 денари, сумата која ја гарантира Државна лотарија на Македонија, но не заборавајте да ја играте и дополнителната игра Џокер каде премијата е 600.000 денари, бидејќи само КОЈ ИГРА ТОЈ И ДОБИВА.