Кумановец загина во сообраќајна несреќа кај Велес

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 18.30 часот Р.Д. од Куманово загина во сообраќајна незгода која се случила на патот Велес-Градско.

Според полицијата тој возел автомобил „опел зафира“.

Кај селото Ногаевци од засега непознати причини возилото излетало од патот, при што на местото на незгодата починал возачот.