Кумановец тргнал со болното дете на лекар па заглавил во снегот

Сподели со своите пријатели

Вистинска драма се одвивала ноќва околу 23:1- часот кога жител на селото Војник останал заглавен во соспа снег на патот Војник – Бајловски пат обидувајќи се да го донесе болното дете на лекар, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Од таму веднаш ја известиле екипата на Итната медицинска помош која испратила возило и лекарски тим на лице место и болното дете било згрижено во кумановската Општа болница.

Инаку селата кои гравитираат на потегот на Општина Старо Нагоричане се скорро целосно отсечени од цивилизација веќе со денови.

 

Loading...