Кумановец со автомобил удрил во осумгодишно дете пешак

Сподели со своите пријатели

Вчера во 15,30 часот,во Куманово на ул. „Перо Чичо“ пред главниот влез на средното училиште „Гоце Делчев“ се случило сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „БМВ“, со кумановски регистарски ознаки , управувано од Т. Т. (1977) од Куманово удрило во пешак Т. С. (2009) од Куманово.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во незгодата пешакот Т.С се здобил со тешки телесни повреди, по што е пренесен во Медицински центар – Куманово каде му е укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите истиот е пратен во Ургентен Центар при Комплекс Клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи од Куманово.